Слабеењето е процес на губење на телесната маса кој се одликува со намалување на килограмите. Многу луѓе се жалат на вишокот килограми од најразлични причини, но тоа најчесто е субјективно и многу нереално. Доказ за тоа се многу опасни пореметувања во исхраната како што се анорексијата и булимијата. Сепак, повеќето луѓе за време на слабеењето не одат до тие крајности, туку најчесто се работи за тие “неколку килограми вишок“. Слабеењето е процес кој бара труд, трпение, многу движење и промена на прехрамбените и животните навики – во секој случај, тоа се карактеристиките на здравото слабеење. Повеќето луѓе сакаат да ослабат што е можно повеќе, во што пократко време, па така се одлучуваат за драстични диети или изгладнување, што можеби ќе даде резултат во првите неколку дена, но долгорочно е штетно. Таквото брзо слабеење е подложно на таканаречениот јо-јо ефект, што значи дека изгубените килограми брзо ќе се вратат, дури и повеќе.
Доколку сте свесни за ризикот од брзото слабеење и сакате да ослабите здраво и трајно, многу е важно да се придржувате на некои основни правила. Диетата сама по себе не е доволна. Едно од главните правила е редовно внесување на храна по повеќе пати дневно, во мали количини. Притоа не смее да се прескокне доручекот кој е најважниот оброк во денот. Оброците треба да бидат здрави, хранливи и урамнотежени. Зголемувањето на внесот на течности е пожелно, а потрудете се еднаш дневно да се напиете зелен чај кој е одличен антиоксидант. Пијте вода и природни, незасладени сокови, а избегнувајте алкохол и газирани пијалоци. Доколку навистина сте одлучиле да ослабнете многу е важно да ја зголемите физичката активност. Почнете редовно да се бавите со некој спорт, но пред се зголемете ја физичката активност во секојдневните активности-пешачете повеќе, одете пеш по скали наместо да се возите со лифт. На овој начин не само што здраво и трајно ќе ги загубите килограмите, туку ќе ја зацврснете мускулатурата, ќе ја подобрите кондицијата и подобро ќе се чувстувате.