Жителите на Охрид и околината рано утрово околу 3.40 часот почувствуваа слаб земјотрес со јачина од 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала.

Според информациите што ги објави Европската сезмичка опсерваторија епицентарот на земјотресот бил на 15 километри од Охрид во реонот на општина Дебрца.

Слабиот земјотрес освен мала вознемиреност кај граѓаните, не предизвика штети.

OhridNews