Интернет телефонсиот оператор Skype вели дека “мал процент” од своите корисници не се во можност да ги користат неговите услуги но дека превземаат чекори да го реши проблемот.
Компанијата, која е купена од страна на корпорацијата “Мајкрософт” за 8500000000 $, вели дека ќе објави нова верзија на скајп за виндоус и планира да издаде надградба во петок.
Од “Скајп“ велат дека лицата кои ги користат неговите услуги на нивните мобилни телефони, ТВ или другии уреди ќе бидат во можност да продолжат да се регистрираат како претходно.
Околу 170 милиони луѓе ширум светот редовно го користат Скајп за разговори. Услугата, која им овозможува на корисниците да разговараат или да воспостават видео повици бесплатно или за многу мала сума на пари, стана популарен начин да се избегнат големи телефонски сметки.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com