Филмот за агентот 007, во кој Даниел Крег има главна улога, е прикажан на 50 годишнината од премиерата на првиот филм за Бонд и за време на божиќните празници ја преминал границата од една милијарда долари заработка. “Skyfall”  во САД заработил 289.600.000 долари, а низ светот 710.600.000 долари и станал првиот филм за Бонд кој заработил толку пари од долгата историја на постоењето на овој филм. 


Се очекува филмот, кој го режираше Сем Мендез, да заработи уште повеќе со почетокот на 2013 кога ќе почне да се прикажува во Кина. Досегашниот рекорд го држеше “Kasino Royal” кој во 2006 година заработи 596.365.000 долари, а во кој за прв пат во улогата на Џејмс Бонд се полавува русокосиот Даниел Крег.