Филмот за тајниот агент Џејмс Бонд, 23 по ред, „Skyfall“, трае 142 минути, што го чини најдолг филм за Бонд досега. Филмот во кој по трет пат главната улога ја толкува Даниел Крег така го победил првиот филм на Крег „Казино Ројал“, кој претходно бил најдолг филм за Бонд кој траел 138 минути.
Филмот „Во тајна служба на нејзиното височество“ во кој Бонд го игра Џорџ Лезенби е трет по ред филм по должината на траење со 136 минути, пренеле британските медиуми. Во „Skyfall“ Џуди Денц ќе ја репризира својата улога на М, а во филмот ќе се појават и нови членови на екипата како што се Хавер Бардем, Рејф Фајнс и Наоми Харис. „Skyfall“ премиерно ќе биде прикажан на 26 октомври во Велика Британија.