Продолжениот празничен викенд голем број сопственици на скутери и глисери го искористија за згрижување на своите скапи пловила. На спустот кај градското пристаниште се чекаше ред за подигнување на пловилата. Претежно скутерите од вода се извлекуваа со специјални приколки и џипови. Имаше и такви кои пловилата ги носеа на раце!


Скутерите се вадеа со џипови, кајаците на рака

Од година во година расте бројот на пловни објекти на Охридското Езеро. Тој тренд е забележан и оваа година во која се регистрирани преку 200 нови скутери и глисери. Вкупниот број на регистрирани пловни објекти на Охридското Езеро е околу 2800.

Ohridnews