Четири лица се полесно повредени во судир на скутер и педалинка што деновове се случил во необележана зона на Охридското Езеро помеѓу населбите Воска и Далјан. Инцидентот  бил пријавен во Езерската полиција  и Капетанијата кои се уште трагаат по предизвикувачот на незгодата.

– Сторителот го напуштил местото на несреќата. Беа земени изјави од лицата што го пријавија случајот, а понатаму истрагата треба да го открие сторителот на овој прекршок кој се случи надвор од обележаните безбедносни зони на плажите. Според нашите информации нема посериозно повредени во инцидентот.-изјави Љупчо Настоски, раководител на охридската Капетанија.

Тој информираше дека летово на Охридското Езеро се евидентирани уште неколку помали инциденти. Како што е познато и оваа година од 20 јули до 20 август на Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро ќе биде воведена забрана за пловење на скутери во периодот од 11 до 18 часот. Од Капетанијата тврдат дека мерката е оправдана и дека ќе придонесе за зголемување на безбедноста на учесниците во водниот сообраќај и на капачите. За  непочитување на забраната предвидени се парични казни кои се движат од  800 до 2000 евра за физичкит лица, односно од 4 до 6000 евра за правните субјекти.

OhridNews