Тие сметаат дека ваквиот предлог е дискриминирачки и го ограничува правото на слободно движење. Своите ставови скутерџиите ќе ги изнесат на протесттот најавен за денеска.
Капетанот Љупчо Настоски неодамна до Владата поднесе предлог за ограничување на пловидбата на скутерите по Охридското Езеро, со цел, како што истакна, да се зголеми безбедноста на капалиштата. Тој посочи дека скутерџиите се најчести прекршители на пловидбените правила и дека опомените и казните не даваат резултат.