Скутери на вода, но и чамци со пенти и глисери со голема брзина крстосуваат во близина на охридските плажи и ги вознемируваат капачите. Пловните објекти се доближуваат до брегот и минуваат низ капачките зони буквално покрај главите на капачите, реагираат читатели на Ohridnews. Нашиот сограѓанин Милан укажува дека посебно загрижувачка е состојбата на плажата Градиште, каде има и пункт за издавање на скутери. Плажата е буквално узурпирана со летни реквизите кои се издаваат без фискални сметки, но она што најмногу загрижува е однесувањето на скутерџиите вели нашиот читател.
Според Законот за внатрешна пловидба капалиштата кои од брегот се одалечени до 150 метри задолжително треба да обележани со портокалови и бели топки. Пловните објекти пак треба да се држат на растојание од најамлку 200 метри од брегот, а за непочитување на законот се предвидени казни од 200 до 500 евра. Инспекторите од внатрешната пловидба можат да изречат глоба на самото место до 200 евра или можат да донесат одлука за привремена забрана за вршење пловна дејност во времетраење од шест месеци.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com