Во водите на Охридското Езеро ова лето се случиле две несреќи кои ги предизвикале скутерџии, информираат од охридската Капетанија.

– Пред неколку дена скутер се судри со педалина, но за среќа нема повредени. Претходно се судрија два скутери и повторно за среќа беше предизвикана само материјална штета, информират од охридската капетанија.


Последните два инциденти ја натераа капетанијата да иницира постапка за ограничување на пловидбата на скутерите на Охридското Езеро во периодот од 11 до 18 часот, која вчера беше доставена до владата. Оттаму сметаат дека со тоа ќе се подигне безбедноста на капалиштата, која најчесто ја нарушуваат скутерите.


Љупчо Настоски

„Претежно прекршителите се малолетни деца кои не го почитуваат пропишаното растојани, возат брзо и сакаат да бидат забележани од околината“, вели капетанот Љупчо Настоски.

Во Македонија се регистрирани 175 скутери, од што најголем дел пловат на Охридското Езеро.

Ohridnews