Скутер доцна попладнево изгубил контрола и се излизгал на коловозот на патниот правец Св. Стефан – Охрид, во близина на населбата Рача.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на скутерот, информира СВР Охрид.

Поради незгодата сообраќајот на овој патен правец извесно време се одвиваше забавено, што создаде колона од возила во правец на Охрид.

OhridNews