Скутер повреди девојче,пукотници во центарот на Охрид
02.08.09 12:18
Вчера околу 17,15 часот во Струга кај плажата „Блу Скај“, во водите на Охридското езеро, М.Р.(1995) од Струга, додека била во езерото, од страна на непознато лице кое управувало скутер била повредена во пределот на главата. Полициски лужбеник вработен во ЕКР при СВР-Скопје, кој во моментот бил на плажа, откако претходно се легитимирал се обидел да го задржи непознатото лице, но во тој момент бил спречен во намерата од лицата Д.Б.(1962) и неговиот син Е.Б.(1985), двајцата од с.Велешта, кои успеале да го оттргнат непознатото лице кое со скутерот се дало во бегство. Во расправијата Е.Б. извадил нож, но од присутните граѓани му бил одземен. Повредената била пренесена во Медицински центар-Струга, каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување. Од страна на УПС, Д.Б. е приведен во ПС-Струга и против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава, додека се преземаат мерки за пронаоѓање на Е.Б. и непознатото лице.
Утровооколу 03,10 часот во Охрид на ул.„Македонски Просветители“бб, кај плоштадот, Н.Ѓ.(1973) од Битола, додека поминувал на пешачки премин, наишло ПМВ„Мерцедес“ управувано од Н.У. од Охрид, кој не му дал првенство на минување, по што Н.Ѓ. реагирал. Н.У. излегол од возилото со пиштол во рака и со истиот го удрил Н.Ѓ. неколку пати по главата, но во тој момент пиштолот кој не бил закочен испукал еден куршум, кој го погодил Н.Ѓ. во пределот на прстите од десната рака, а потоа зрното му нанело прострелна рана во десната страна од градниот кош на албанскиот државјанин А.П.. СВР-Охрид презема мерки за расчистување на настанот.
Општина Охрид објави Јавен повик за субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети кои бележат намалување на активностите во континуитет на подрачјето на Општина Охрид, согласно Програмата за под...
Поради интервенција на водоводната мрежа, денес од 09:30 часот ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањетo на улиците: „Македонски Просветители“ (на потегот од ЕВН до пожарна), дел од Бул„Турис...
Охрид, како најголема туристичка дестинација во нашата земја, одамна има потреба од регулиран паркинг за автобусите Заедно со недостигот на ефикасен колекторски систем, катни гаражи, марина и јавни...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.