Италијанскиот уметник Маурисио Савини се бави со скулптура, но она по што се разликува од останатите колеги е необичниот материјал кој го користи за изработка на своите дела. Тој користи гуми за жвакање со розе боја, кои претходно се добро изжвакани. Неговите дела изработени од илјадници гуми за жвакање често се во природна големина.


Тој веќе имал изложби низ целиот свет, а некои од скулптурите биле продадени по цени од околу 50 илјади долари. Вели дека гумите за жвакање му изгледале како непостојан материјал во споредба со материјалите кои се користат во традиционалните изработки на скулптури.