Кинеските родители и ученици протестираат поради скулптурата на слаба девојка со огромни гради која била поставена во паркот во градот Фошан. Девојкта висока 20 сантиметри носи гради кои се широки пет метри. Една од мајките се пожалила дека паркот некогаш бил идеално семејно место, а нејзиниот син сега бил привлечен само од градите и не можела правилно да го едуцира.


И воспитувачката од локалната градинка ги довела децата во паркот. Девојчињата со солзи прашувале дали и нив градите ќе им пораснат така кога ќе станат возрасни. Момчињата се смееле како луди. Портпаролот рекол дека скулптурата требала трајно да остане во паркот, но признал дека константно ја оштетуваат. Еден човек дури се обидел да и облече градник.