Британскиот уметник Вилард Виган направил зачудувачка микроскулптура на семејството Обама која ја поставил во ушите на игла од 24-каратно злато. Несекојдневната скулптура уметникот од Бирмингем ја поставил во Лос Анџелес на отворањето на својата прва самостојна изложба во САД. Неговите скулптури се толку мали што за да се погледнат добро е потребен микроскоп.
Иако се невидливи за голо око сите се направени рачно. Своето интересирање за минијатурни творби го развил уште од детството кога обожавал да прави куќарки за мравки.