Средниот бек Сташ Скубе и голманот Калифа Гедбан и следната сезона ќе го носат дресот на Европскиот првак, откако ставија потпис на новите договори понудени од РК Вардар. Скубе со „црвено црните“ ја продолжи верноста на нови три сезони а Гедбан на една сезона.
- Вардар го задржува костурот на тимот и сериозно се подготвува за предизвиците во сезоната 2019/2020. Задоволни сме што Скубе и Гедбан ги продолжија договорите. Скубе ќе биде еден од лидерите на екипата, додека во Гедбан одамна го препознавме квалитетот и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. – изјави извршниот директор на Вардар, Давор Стојаноски.
Пред враќање во Вардар е рускиот ракометар Глеб Калараш, кој беше презентиран како ново име во Мотор Запорожје. Калараш не ја крие(ше) среќата во Вардар и ништо чудно повторно со Даинис Криштопанс да бидат предводници на одбраната.
OhridNews