Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија – СКСЗМ смета дека одлуката на Владата за ограничување на движењето во градот Куманово т.е ограничува движењето на граѓаните почнувајќи од петок (03.04.2020) од 21:00 часот до понеделник (06.04.2020) до 05:00 часот, е избрзана.
Оваа одлука е неприфатлива од фактот што е донесена само неколку часа пред да почне ограничувањето на слободното движење од 21:00 часот и еден ден пред да започне викендот, со што граѓаните на Република Северна Македонија се информираат само неколку часа порано. Оваа ситуација создава заблуда и паника кај граѓаните од таа зона, кои од недоволно снабдување со основна храна се собираат во толпа од луѓе за да ги извршат потребните набавки. Ваквата состојба го зголемува нивото на ризик од ширење на коронавирус уште повеќе, факт што е во ничиј интерес за време на овој период на пандемијата COVID19. – велат од Комората.
СКСЗМ апелира до релевантните институции за каква било слична одлука што ќе се донесе, да се известат граѓаните најмалку 48 часа пред таа да влезе во сила.
OhridNews