Гитарата која покојниот американски музичар Курт Кобејн ја скршил за време на еден од своите настапи, продадена е на приватен колекционер за 100 000 долари.


Гитарата Фендер Мустанг била во сопственост на панк-рокерот Слуго од The Grannies i Hullabaloo.

Слуго вели дека својата исправна гитара ја заменил за Кобејновата скршена за време на првата американска турнеја на Нирвана, а судејќи по постигнатата цена потегот повеќекратно му се исплатил.