Најбрзиот човек на планетата земја Јусеин Болт имаше скромно фудбалско деби. Болт кој е голем вљубеник во фубдалот дебитираше во дресот на Централ Кост во контролниот меч со Госфорд влегувајќи од клупата за резерви.
32-годишниот Јамајканец немаше некој учинок и побара повеќе време од тренерот да се адаптира и да го покаже најдоброт од себе. – Потребни ми се четири или пет месеци да се подготвам најдобро и да покажам што знаам и умеам. Многу бев нервозен на почетокот, но кога влегов во игра и ги слушнав играчите и навивачи ми беше полесно. Физички сум максимално подготвен, а со тек на време ќе бидам и тактички.
.@usainbolt comes on for his @CCMariners debut ⚡️
Follow the game live: https://t.co/Rq17j63YuB pic.twitter.com/V6wqywroGu
— Hyundai A-League (@ALeague) August 31, 2018
Дебито на Болт во фудбалот го проследија 10 000 гледачи, а сонот на повеќекратниот освојувач на Олимписки медали е професионален договор со Манчестер Јунајтед.
OhridNews