Охрид и СРЦ „Билјанини извори“ беа домаќини на првиот атлетски натпревар годинава “Отварање на сезоната” . На митингот кој се одржа во одлични услови на новата тартан патека учество зедоа преку 100 атлетичари од десет клуба во Македонија.
– Постигнатите резултати на овај прв митинг не се вистинска слика на можностите на атлетичарите. Очекувам со текот на времето тие да се се подобрат – истакна селекторот Влатко Димитров.
Атлетичарите поради финансиите пропуштија серија меѓународни натпревари. Наредниот предизвик за македонските атлетичари е екипното првенство во Малта, а бројот на експедицијата повторно ќе зависи од финасиската конструкција. Димитров на натпреварот во Охрид можеше од прва рака да ги провери квалитетите на атлетичарите кои конкурираат за место во репрезентацијата.
– Од она што го видов во Охрид има доста млади атлетичари кои атакуваат на место во репрезетнацијата – завршува Димитров
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com