Пет поединечни шести места и вкупен пласман на седмото место меѓу девет селекции е учинокот на македонските атлетичари на Балканското првенство за младинци што се одржа во Грција.     
    


На шесто место се пласираа Јованче Јанковски во скок во височина (196 см), Филип Кафтаноски на 100 метри (11,21 секунди), Огнен Павловски на 1.500 метри (4:33,27 минути), Душко Шандов во фрлање копје (51,95 метри) и Христина Ристеска на 400 метри (57,87 секунди).


Најуспешна селекција е Романија, која победи и во конкуренција на мажи и на жени. Македонија настапи со 18 атлетичари.

Ohridnews