Само 17 пливачи во машка и женска конкуренција се пријавија за учество на јубилејното 30-то издание на Охридскиот пливачки маратон кое ќе се одржи в сабота на 20 август.


Минатата година вкупно имаше 20 пливачи на стартот, а годинава само скромни 17 што го покажува (не)интересот за долгите маратони.

Како ретко до сега во историјата на Охридскиот пливачки маратон женските се побројни учесници од машките.


Меѓу машките пливачи покрај бранителот на трофејот Евгениј Поп Ацев пријавени се уште македонските пливачи Томи Стефаноски и Александар Илиевски, Акуилес Балаудо и Дамјан Блаум (Аргентина), Сточино Едоардо (Италија), Матеус Евангелиста (Бразил) и Симон Пистор (Германија.

Кај девојките ја нема минатогодишната победничка Италијанката Аличе Франко, но има вкупно девет пливачки: Силвие Рибарова (Чешка), Дариа Килик и Олга Козудуб (Русија), Рита Гарсија Ванеса, Геијо Пилар и Мори Викторија (Аргентина), Дина Левачиќ (Хрватска), Елена Лионело и Виченија Наваро (Венецуеала).


Стартот на маратонот традиоционално е во 12 часот од Св. Наум, а финишот на 30 километарската трка е на градското пристаниште.

OhridNews