Охридските екипи забележаа скромен учинок на завршниот турнир во Детската фудбалска лига кој се одржа во Скопје освојувајќи еден бронзен медал.
На одличје од завршниот турнир во Скопје се радуваше екипата на Фер Плеј победувајќи во малото финале во генерацијата 2004 против Сарај со 5-4. „Виолетовите“ за влез во полуфиналето го совладаа тимот на Албион 2-1, а непреминлива пречка за влез во финалето беше штипска Брегалница 8-5.
Во 2001 генерација Фер Плеј претрпе пораз во првата рунда на пенали (5-4) од Академија Пандев. Истата екипа го елиминираше Еврофудбал во 2002 генерација победувајќи го минимално 1-0.
Скопските „црвено црни“ му пресудија на Фер Плеј во 2003 генерација со 2-0, а во 2005 „виолетовите“ претрпеа пораз од Металург.
Во најмалата генерација 2006 струшки Караорман во првата рунда претрпе пораз од тимот на Неготино.
Мх.П.