Едно прво и едно трето место е билансот на македонските репрезентативци поединечно на Балканското првенство во бадминтон за играчи до 13 г. кое викендов се одигра во Охрид.


Со прво место во дициплината мешани двојки се закити најдобриот македонски репрезентативец Пујовски кој во друштво  на бугарката Стоева ги совладаа Иванова – Балкански од Бугарија со 2-1 (21-19,19-21,21-17).

Во сингл Пујовски мораше да се задоволи со трето место откако во полуфиналето загуби од турчинот Доган со 2-1 (21-18, 5-21, 21-18). Победник во оваа категорија беше бугаринот Шишков кој во финалето го совлада Доган со 2-1.


Партнерката на Пујовски, бугарката Стоева тримфираше во женскиот сингл совладувајќи ја нејзината сонародничка Иванова со 2-0 (21-14, 21-11).

Во машки двојки победи тандемот Деми-Курт од Труција, додека во женски двојки победија турчинките Кикич – Бенк.

Не сум задоволен од постигнатите резултати. Очекував многу повеќе од овај шампионат.- кратко ни изјави селекторот Тасевски Горан.

М.П.