Највреден резултат од македонските репрезентативци на Балканијадата во сала, која викендов се одржа во Атина (Грција) постигна Ивана Рожман која патеката од 60 метри ја истрча за време од 8 секунди и 3 стотинки (935 бода според ИААФ таблица), со што го освои 8-то место.


 Еве ги резултатите и пласманите на комплетната македонска репрезентација:

 мажи
 – Кристијан Ефремов / 60 м. – 7.51 (8 место од 8 натпреварувачи, прв беше Цимпеану од Романија со 6.71)

 – Криситијан Ефремов / 400 м. – 51.76 (7 место од 7 натпреварувачи, прв беше Виеру од Романија со 46.70)

 – Енис Даутовски / 800 м. – 1:57.64 (7 место од 8 натпреварувачи, прв беше Воровенци од Романија со 1:51.78)

 – Ѓорѓи Трендафилов / 3000 м. – 9:29.04 (6 место од 6 натпреварувачи, прв беше Петрович од Србија со 8:06.65)

 – Јованче Јанковски / скок во височина – 195 сантиметри (6 место од 6 натпреварувачи, прв беше Топич од Србија со 228 сантиметри)

 – Славчо Мирчевски / скок во далечина – 6,44 метри (5 место од 5 натпреварувачи, прв беше Брегу од Албанија со 7,50 метри)

 – Бојан Милчевски / 800 м. – 1:59.29 (надвор од конкуренција)

 Екипен пласман – мажи:
 1. Романија 96 бода, 2. Грција 89, 3.Србија 61 … 8. Македонија 26, 9. Црна Гора 16, 10. Молдавија 15
 жени

 – Ивана Рожман / 60 м. – 8.03 (8 место од 8 натпреварувачки, прва беше Моросану од Романија со 7.48)

 – Христина Ристеска / 400 м. – 1:01.13 (7 место од 7 натпреварувачки, прва беше Ионита од Романија со 55.35)

 – Александра Спасеска / скок во далечина – 5,14 метри (6 место од 6 натпреварувачки, прва беше Тигау од Романија со 6,36 метри)

 – Александра Спасеска / 60 м. – 8.34 (надвор од конкуренција)

 Екипен пласман – жени:
 1. Романија 100 бода, 2. Грција 94, 3. Србија 79 …. 8. Македонија 12, 9. БиХ 11

ohridnews