Некогашното седиште на лондонската полиција Скотлан Јард, на улицата Вајтхол Плејс, ќе биде претворено во луксузен хотел со пет ѕвездички, а целиот проект ќе чини 154 милиони евра. Се очекува хотелот првите клиенти да ги прими во 2017 година, а ноќевање во некогашната Метрополитен полициска станица, во која чест гостин бил Шерлок Холмс, ќе чини и до десет илјади фунти, јавуваат медиумите. Хотелот со површина од 56 илјади квадратни метри ќе има седум ката и 235 соби, повеќе ресторани, два бара, библиотека, сала за состаноци, а на гостите на располагање ќе им биде хотелска услуга 24 часа во денот. Хотелскиот персонал ќе брои 250 лица.

 

Куќата која се наоѓа до зградата во викторијански стил ќе биде наменета за забавни активности на гостите. Самото реновирање на зградата Скотланд Јард ќе чини околу 50 милиони фунти. Инаку, нов сопственик е индискиот 50-годишен бизнисмен Јусуфали Кадер, еден од најбогатите индијци, сопственик на компанијата ЛуЛи Груп со седиште во Абу Даби. Кадер изјавил дека големиот Скотланд Јард Хотел ќе биде синоним за рафиниран вксу и инзвонредна услуга. Според него Лондон ќе го добие еден од најпривлечните хотели на светот, пред се за туристи. Свесни се дека овој проект е сјајна можност за развој на градот. Во таа зграда било сместено седиштето на лондонската Метрополитен полиција од 1829 и 1890 година, кое потоа било преместено 500 метри подалеку во Норман шоу Билдингс.