Познатиот американски режисер Мартин Скорсеже ќе режира филм за животот и кариерата на славниот боксер и светски шампион во супертешка катергорија Мајк Тајсон. Главната улога во филмот е доверена на Оскаровецот Џејми Фокс. Тој во неодамна дадено интервју изјавил дека ќе го толкува ликот на Тајсон, а зад камерата ќе биде Мартин Скорсеже.

 

Тоа ќе биде прв филм на Мартин за боксот после „Разлутениот бик“, едно од неговите најпознати остварувања во кое Роберт Де Ниро го толкувал ликот на деструктивниот боксер Џејк Ламоте. Овој филм во англиското престижно списание “Sight & Sound” е прогласен за ремек дело на осумдесетите години. Заработил осум номинации за Оскар, вклучувајќи за најдобар филм, најдобар актер и најдобра режија.