Мартин Скорсезе би можел да режира романтичен филм за големата љубов на Ричард Бартон и Елизабет Тејлор. Се работи за адаптација на книгата Furious Love. Филмот ќе биде фокусиран на големата љубов поради која славниот пар двапати се венчаше и разведуваше.
Се знае дека Скорсезе дефинитивно ќе учествува во продукцијата, но не се знае дали ќе учествува во режирањето бидејќи има и други проекти на кои работи. Во книгата се употребени и љубовните писма кои си ги испраќале Бартон и Елизабет, а се зборува дека Елизабет Тејлор е закопана со едно од тие писма.