Граѓаните на Букурешт го поставија новиот рекорд. 3939 мажи и жени се облекле во костими од Дедо Мраз и им делеле подароци на своите сограѓани. „Дедовците“ се собрале пред зградата на парламентот, а ги надгледувал службеник од Гинисовата книга на рекорди.


По Божиќните празници, Романците ќе се обидат да срушат уште два рекорди, да направат најголем колбас и најдолг колач.

Рекордот за овој настан до сега го држеше Тајван, каде во 2003 година, 3618 граѓани, облечени како Дедо Мраз им делеа подароци на своите сограѓани.