Екипата на Скопско триумфираше на турнирот во мал фудбал Охрид 2008. Спектакуларното финале им припадна на “црвените“ кои со 3-1 ја совладаа екипата на Вис Пој

Две илјадната публика во спортската сала “ Билјанини Извори “ можеше во целост да биде задоволна од прикажаниот фудбал. По само четири минути игра прва до предност (1-0) стигна екипата на Вис Пој преку Стојаноски. Резултатот беше израмнет (1-1) во 11 минута по ударот на Матески и несигурната интервенција на Лазески. До полувремето и покрај приликите на едната и другата страна погодоци немаше.
 

Се разгоре играта во вториот дел но само благодарение на маестралниот Лазески , Скопско не успеваше да стигне до водстово. Лазески правеше чуда на голот, а на по еднаш дирекот и еднаш гредата беа негови сојузници. И кога сите се подготвуваа за продложенија или пенали по аутот на Матески, не се разбраа најдобро во потесната одбрана и Стефаноски ја затресе сопствената мрежа за прво водство на Скопско . По примениот гол во последната минута Вис Пој се одлучи да нападне за да стигне до израмнувачки гол но таквата игра му дозволи на Скопско, кој преку Мурџоски стави точка на мечот.

–    Како екипа сме освоиле доста турнири, но триумфот на првиот турнир овде во Охрид, не прави посебно среќни. Оваа победа му ја посветуваме на прерано починатиот Климент Колески – рече по завршувањето на мечот капитенот на Скопско, Стевчо Шулески.

Третото место и припадна на екипата на Марлин која со 6-1 го торпедираше индиспонираниот тим на Бекче. Хет трик на мечот постигна Петрески, на двапати прецизен беше Агушески, а еднаш Фармак. Почесниот гол за Бекче го постигна Гоце Маркоски