Македонија ЃП – Работнички ќе играат во финалето од турнирот во мал фудбал за “петлиња“ што се игра во Охрид.


Во охридско-скопските полуфинални пресметки подобри беа гостите. Македонија ЃП на пенали со 2-0, го победи Фер Плеј, додека Работнички со 5-1 го победи Евофудбал.


Натпреварот за 3-то место помеѓу Еврофудбал и Фер Плеј ќе се одигра со почеток во 10 ч., додека финалето на програмата е во 11ч.

Мх.П.