Судиите Ерик Белимов и Дениз Бајрам од Скопје се делегирани за натпреварот помеѓу Охрид и Преспа во втората рунда од Супер лигата.
За избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ова е премиерен меч пред домашната публика во втората сезона од Супер лигата.
Во првиот натпревар охриѓани освоија бод во Прилеп ремизирајќи 22-22, а Преспа во Ресен ја совлада екипата на Пелистер со 25-24.
Мх.П.