Скопски Металург во Охрид започна со реализицијата на втората фаза од подготовките. Во овие петнаесетина дена екипата ќе работи на техничко тактички план а преку контролните натпревари ќе се селектираат 11- та кои ќе бидат носители на играта на пролет. Целта и амбциите на скопјани се излез во Европа.


Преку натпреварите од првенството ќе се обидеме да избориме излез во Европа. Третото место засега ни го гарантира тоа , но до колку се укаже прилика ќе се обидеме да го стигнеме водечкиот двоец во Шампионатот – вели Жикица Тасески , стратегот на Металург.

Во преодниот рок физономијата на екипита претпре доста измени. Доведени се шест нови фудбалери кои треба да ја подигнат играта на повисоко ниво.Тасески ја остава вратата отворена за уште едно засилување.

Задоволен сум од новите засилувања но листата ја оставам отворена за евентуално едно ново име во нападот, но и без него имаме конкурентен тим- истакна Тасески

Метарург ќе одигра пет натпревари во Охрид, а првиот тест е закажана за денес со тимот на Силекс од 14 часот на “Билјанини Извори“.

М.П.