Филмот „Матасари“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе ја доживее скопската премиера во рамките на „Синедејс“ фестивалот кој ќе се одржи од 15-ти до 25 ноември во киносалите „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија во Скопје.

Најновото дело на Пиперкоски, на 29-ти март беше премиерно прикажано во Букурешт во рамките на „Некст филм фестивал“, кој важи за еден од најпознатите филмски фестивали во Југоисточна Европа. Станува збор за краткометражен психолошки филм во кој главните улоги ги толкуваат: Андреј Рошу, Анка Флореску, Крина Семчук, Алек Секареану и многу други.

„Матасари“  ја доживеа македонската премиера во рамките на програмата „Македонска Панорама“ на годинешниот 33-ти Меѓународен фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој од 15 до 21 септември се одржа во Битола.

Скопската публика ќе има можност да го погледне ова дело на Пиперковски во сабота на 17-ти новември од 15:00 часот во кино „Милениум“.

OhridNews