Полицијата нема информација за таков случај. Оттаму информираат дека е регистриран настанот, но според полициската верзија на момчето за време на одржување на Баскер фест му се слошило и починало. На местото на настанот извршен е увид, а по наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција.
Мистериозната смрт на 23-годишното момче во Скопје, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“:
– Во секоја нормална држава, надлежните ќе преземеа одговорност, и ќе поднесеа оставка за случајот, веднаш после инцидентот…
– Мораме да ставиме крај на ова лудило …
– Треба сите 2 000 000 да излезат на протест да се покаже на светот дека за убијците место ни во пеколот нема… се дел од коментарите на социјалните мрежи.
Членовите на групите на социјалните мрежи иницирани од немилиот настан најавуваат продолжување на протестите до целосно расветлување на случајот.