Охридските атлетичари не успеаа да го одбранат трофејот во купот. На финалето кое се одржа на “Билјанини“ десеткованите охриѓани мораа пехарот да го предадат на скопски 7 Мај.  Серија пехови ги следеа охриѓани кои поради повредите на Мирчевски и Кафтаноски нема друг избор туку да се задоволат со второто место.
 



– За жал не ја одбранивме титулата, да не беа повредите пехарите ќе остане во нашите витирни – рече тренерот на АК Охрид, Влатко Димитров.

М.П.