Скопските арбитри Дејан и Димитар Георгиевски ќе ја делат судиската правда на дерби пресметката од првата ракометна лига меѓу Струга и Охрид.

Скопјани се очекува да имаат не така лесна задача бидејќи дерби пресметките носат дополнителнен набој и тензија која сигурно ќе биде присутна на “езерското“ дерби.

Мечот се игра во салата “Нико Нестор“ во сабота со почеток во 16.30 минути.

Ohridnews