Одбележувајќи го месец март како месец на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид, утре (сабота), ќе организира крводарителска акција во хотелот “Коцаре” каде, за потребите на болницата “Св. Еразмо” крв ќе даруваат преку 50 крводарители од Друштвото на крводарители од МЗ “Даме Груев” од “Ѓорче Петров” од Скопје и преку 20 крводарители од Здружението на крводарители од Прилеп.

Крводарителската акција ќе започне во 10 ч., а отворена е и за сите  охриѓани кои сакаат хуманоста да ја искажат дарувајќи крв.

Ohridnews