Скопските атлетичари на “Перпету мобиле“ втора година по ред во Охрид го освоија трофејот во Купот за најдобар клуб.
Натпреварите во купот кои поради лошите временски услови се одржаа во еден наместо два дена, минаа во доминација на скопјани кои триумфираа во 16. дициплини, собраа 81 бод во машка конкуренција и 83 бода во женска конкуренција.
Во машка конкуренција втор заврши АК Скок со 26 бода, додека АК Работнички беше трет со 15. Во женска конкуренција, второто место на подиумот го завзеде Лирија со 33 бода, додека домаќиниот АК Охрид со 30 бода зврши на третото место.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com