По повод 17 Март – Денот на крводарителството, во специјалната болница за ортопедија и трауматологија “СВ. Еразмо“-Охрид, во организација на ОО Црвен крст се одржа крводарителска акција.

Драгоцена течност донираа 53 крводарители од МЗ “Даме Груев“ од Скопје и 8 наши сограѓани. Акцијата беше реализрана во соработка со одделението за трансузиологија во коснозглобна кое во иднина ќе го носи името на прерано починатиот д-р Горан Маленко, кој и самиот беше голем хуманист кој редовно беше дел од организацијата на акциите за доброволно дарување крв.

Повеќе од половината собрани единици крв, веќе од наредната недела ќе се употребат за закажаните операции во болницата Св. Еразмо.


собрани беа над 20 едини крв

Хуманитарната акција ја помогна и Про кредит банка која на крводарителите им подари бесплатни VISA картички.