Лицето кое што беше застрелано попладнето во Скопје на булеварот Партизански одреди, според неофицијални извори, им подлегнало на повредите. Идентитетот на застреланиот не е познат, а во инцидентот со полесни повреди завршило уште едно лице, кое, наводно било претепано.


Напаѓачите биле веднаш фатени и идентификувани, неофицијално приведени се Харун Хаџибулиќ и Јасмин Растодир и двајцата од Скопје.


Според информациите од теренот во моментот на престрелката на булеварот имало многу случајни минувачи.  Еден од куршумите завршил и во Тобакото Жак Мар во чија близина се случи инцидентот, но таму нема повредени.
Извор: Макфакс