Граничната полиција евидентирала случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Република Грција.
На 23- ти август на граничниот премин „Богородица“ од страна на лице од Скопје, пријавено е дека на 21- ви август во местото Пефкохори, украдена му е предната регистарска табличка од ПМВ „Ауди“.
Ова е втор случај кога се украдени регистарски таблици, а досега се регистрирани шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Грција.
OhridNews