Симпатизерите, жители и градот Скопје на големо се екипираат за величествен пречек на ракометарите од Вардар кои синоќа во Келн ја освоија титулата во Лигата на Шампиони.

„Црвени црните“ херои на аеродромот во Скопје треба да пристигнат со чартер лет во 18 часот и 30 минути, а од тој момент па се до градскиот плоштад ќе бидат обиколени со фанови.

Вардар во Келн најпрво го совлада шпанскиот гигант Барселона во полуфиналето, а во дуелот со златниот медал подобар од Веспрем (27-24).

Ракометарите на Вардар втор пат се искачија на тронот во ЛШ. Првиот пат победија во 2017 година.

OhridNews