Инцидентот како што соопшти СВР Охрид се случил синоќа во 21.40 часот.
Во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р. (32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски“ во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Повредената со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.
Г.М.