– Сколари донесе многу позитивни работи во овај клуб и жал ни е што моравме да ја п рекинеме соработката. Последните резултати и слабата игра во клучниот период од сезоната беа одлучувачки во одлуката – стои во соопштението од клубот.
Привремено на клупата на Челси ќе седи Рој Вилкинс.
Сколари е четвртиот менаџер кој добива отакз по превземањето на клубот во 2003 година од рускиот тајкун Роман Абрамович. Клаудио Раниери доби отказ во 2004, Жозе Мурињо во септември 2007, додека Аврам Грант во Мај 2008 г.
Желба на навивачите на Челси се поранешните играчи на “сините“ италијанците ЏанФранко Ѕола или Роберто Ди Матео.
Сколари го заокружи лошиот понеделник за англиските менаџери откако претпладнево Портсмут му се заблагодари на услугите на Тони Адамс. Отпуштањето на менаџерската функција на Сколари и Адамс е деветто сезонава.