Минус еден од лидерот се охридските “рибари“ кои по 11 рунди освоија 23 бода. Негативната серија која трае  четири рунди  “градежниците“ ги фрли во долниот дел од табелата. Шанса за скок на табелата ќе имаат во претпоследното коло кога играат против Беласица дома, односно Новаци на гости.


Охрид

1 бод зад лидерот на табелата Тиквеш., прв пенал контра Охрид, успешно запрен од Карамачоски.

2 место  на табелата , втора победа на гости. Клечкароски е вториот играч кој постигнува два гола на еден натпервар. Во петотто коло Нически на двапати ја погоди мрежата на Влазними за победа од  2-1.

3 тројца играчи пожолтеа на мечот против Новаци, Митрески, Мартиноски и Ѓорески.

4 меч без пораз, три побед и и едно реми.

5 погодок за Клечкароски , тој е најефикасен играч во составот на “рибарите“.


6 гола примени во првенството, втора најдобра одбрана во лигата, најмалку примени погодоци има 11 Октомври,  само два. Шессти меч сезонава како останува празна мрежата на рибарите.

7 победа во првенството, пет на домашен терен, две на гостувањата.

8 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. И.Клечкароски пет пати, Нически четири пати, Китрозоски и Д. Клечкароски по два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски и Перески.

10 на десет од единаесте натпревари постигнаа погодок,а на девет од нив дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.


11 рунди седум победи, два ремија и два порази, плус 11 е гол разликата.

12 рунда, на “Билјанини“  гостува Беласица, која е шестопласирана на табелата.

17  постигнати погодоци , заедно со Беласица четврти напад во лигата, најефикасен е Тиквеш со 22 успешни реализации.

23  бода од можни 33

33 жолти картони заработија “рибарите“ во досегашните 11 кола.

200  гледачи го проследија мечот одигран во Новаци.


Охрид Лоте

1 натпревар на домашен терен како не успеваат да ја затресат противничката мрежа. Единствено Стојаноски “пожолте“ на мечот со Дрита.

2 втор пораз на домашен терен, првиот пораз го претрпеа од Тиквеш со 4-1. Втор меч како не успеваат да ја погодат целта.

4 пораз во серија, во претходните три рунди “градежниците“ претрпеа порази од Еуромилк со  1-0 и Тиквеш со 4-1 и 11 Октомври со 1-0.

6 пораз во првенството, четири на гости , два на домашен терен.


8 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски и Волчески два пати, Арсовски, Трајаноски, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш. Осми примен гол на домашен терен.

9 место на табелата ,пад од две места. Девет постигнати погодоци на “Билјанини Извори“

11 рунди , четири победи, едно реми, и шест порази.

12 во наредната рунда на гости играт против претпоследнопласираниот Новаци.

13 освоени бода од можни 33.

15 постигнати погодоци , го имаат шестиот напад по ефикасност. Најефикасен е Тиквеш со 22 успешни реализации.


19 примени погодоци трета најслаба одбрана во лигата. Повеќе голови имаат примено Влазерими 24 и Цементарница 20.

25 пати пожолтеа “градежниците“ во досега одиграните 11 кола.

200 гледачи го проследија мечот кој се одигра на “Билјанини Извори“.

М.Постоловски