Еден човек кој скокнал од 54 метри висок врв на Нијагарнините водопади останал жив, но и понатаму бил во критична состојба бидејќи завршил со тешки повреди. Тој е четвртото лице кое преживеало пад во водопадите на Нијагара без некаква заштита.
Медиумите пренеле дека човекот стар околу 40 години го преживеал падот, но и дека здобил тешки телесни повреди. Тој го прескокнал заштитниот ѕид и скокнал. Ги шокирал присутните туристи кои виделе што сторил, а спасувачите го извлекле после половина час. Бил префрлен во болница со хеликоптер.