Полицијата во Дуанесбург, во сојузната америчка држава Њујорк, известила дека 29 годишен маж скокнал без падобран од авион кој превезувал падобранци и се убил.

Слоан Карафело бил четврти патник во едномоторниот авион од кој скокнале инструктор по падобранство и двајца падобранци.


Роберт Ралинс, пилот, кога се обидел да ја затвори вратата од авионот, Карафело скокнал на висина од 3.000 метри.

Полицијата не објавила други детали.