Посетите во зоолошката градина во Барселона тешко бил повреден откако скокнал во живеалиштето на лавовите, во кое го нападнале неколку диви мачки, пренеле шпанските новински агенции. Мотивите за неговото влегување не се познати, а човекот на себе носел воена униформа.
Од непозната причина во неделата претпладне ја прескокнал заштитната ограда и се спуштил во живеалиштето на лавовите. Еден од трите лава го зграбил и го одвлекол кај останатите. Чуварите во зоолошката градина со помош на водени млазови успеале да ги оттргнат животните од човекот кој бил спасен од противпожарна единица низ тунел кој води до кафезот на животните. Сместен е во болница со тежки гребнатини и каснувања.