Македонија, која во мајското рангирање се најде на 84-то место, на најновата ФИФА листа се наоѓа на 78-та позиција.
Од противниците кои Македонија ги има во квалификациската Група А, за пласман на Мундијалот во Бразил, најдобро котира Хрватска која се наоѓа на четвртото место.
Зад Хрватите, а пред Македонија се наоѓаат: Белгија (12 место, скок за три позиции), Србија (36 место, скок ја четири места), Велс (45 место, скок за четири позиции), Шкотска (74 место, скок за четири позиции).
Следниот противник на избраниците на Чеде Јаневски, репрезентацијата на Норвешка, со која Македонија ќе игра пријателски меч на 11.јуни, на најновата ФИФА листа се наоѓа на 29-то место.